Овој викенд (17 и 18 февруари 2018 година) учениците од ООУ „Никола Карев“ од Пробиштип, со две маски, кои беа прогласени за најдобри на минатогодишниот „Пробиштипски маскенбал„ учествуваа на „Струмичкиот карневал“ и прилепскиот карневал „Прочка“. На задоволство на сите и покрај огромниот број на маски се вратија со високи признанија.
Имено, маската со наслов „Цвеќе на сонцето“ , под менторство на Станка Тасевска, го освои второто место на „Струмичкиот карневал“, во категорија на маски од 20 до 30 учесници, а маската со наслов „Палави колачиња“, под менторство на Александра Наунова, го освои второто место на Прилепскиот карневал „Прочка“.
Со овие две награди, нашите претставници ја продолжија традицијата за освојување на награди и докажаа дека со посветена и напорна работа, кога се има добра идеја и висока мотивираност успесите се неизбежни.
Од наше име и од име на граѓаните им се заблагодаруваме за успешното претставување на општина Пробиштип и им посакуваме уште поголеми награди и признанија.