На 23.03.2017 година се одржа состанок со граѓанските здруженија од општина Пробиштип, на кој присуствуваа претставници од следните граѓански здруженија:
- Здружение на граѓани „Подобра Иднина„
- Здружение на техничка култура на Пробиштип „Народна техника„
- Здружение на хендикепирани лица „Милосрдно срце„
- Црвен Крст Пробиштип
- СПД Врв Плавица
- Здружение на граѓани „Туристичка иднина„
- Здружение на граѓани „Леговец Ленд„
- Здружение на ракотворци „Хендмејд Арт„
На состанокот беа претставени активностите и работата на здруженијата, како и потребите и проблемите со кои се соочуваат. Се водеше дискусија за потребата од вмрежување на граѓанските здруженија, заеднички активности, интензивирање на соработката со општината, како и подршка во техничка опрема и простории за граѓанскиот сектор.