Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во сабота, 30 Мај 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Прв адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип
Овој третман ќе опфати:
– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе
– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак
– Течение на река Киселичка
– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип
– Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец
– Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река
– Месност Глобица и водостој на рибник
и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите
Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ќе се изврши со почеток од 22:00 часот. Третирањето најрвин ќе започне да се извршува од околните одредени локации, централното градско подрачје ќе биде опфатено на крај, односно во подоцните часови, сепак ги замолуваме граѓаните за разбирање и претпазливост.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.
