Заеднички инвестиции во енергетска ефикасност

Завршија активностите од спроведување на проектот „Заедничка инвестиција во енергетската ефикаснот“, кој општина Пробиштип го спроведуваше во рамки на  Intereeg-IPA CBC за меѓугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Договорот за финансирање беше склучен на 27.10.2016 година, а водечки партнер во овој проект беше општина Рила – Република Бугарија.

Вкупниот буџет на проектот изнесуваше 366.811,00 евра, од кои за општина Пробиштип 198.766 евра.

Зголемувањето на енергетската ефикасност е активност која влијае на заштитата на човековата околина, заштитата на природата, социјалниот и економскиот живот, но и во подигањето на свеста кај населението за важноста на заштитата на природата. Имплементацијата на националната политика за енергетска ефикасност се врши преку активно учество на општините, тргнувајќи од фактот дека тие се главниот фактор, од чии активности зависи зголемувањето на енергетската ефикасност на зградите и останатите објекти кои зависат од енергија.

Во спроведувањето на проектните активности беа опфатени низа од активности, кои придонесуваат да се осовремени јавен објект во сопственост на општината, но и да се заштеди во потрошувачката на енергија потребна за загревање на објектот.

Така, за времетраењето на спроведување на проектот се извршија реконструктивни зафати:

– промена на врати и прозорци,

– изолација на надворешни ѕидови со енергетски ефикасна фасада

– променет е кровот

– инсталирани се и сончеви колектори за топла вода.

Резултати од наведените активности се:

– подобрени условите за работа во јавните објекти и зголемување на енергетската ефикасност,

– намалување на трошоците за греење на општинскиот буџет поради заштеда на енергијата,

– поефикасно користење на зградите од јавен карактер,

– подобрување на удобноста на објектите во кои делуваат јавните институции, какко и

– намалување на емисиите од јаглерод диоксид.

Со реконструкцијата на Домот на културата „Злетовски рудар“ е извршена промена на врати и прозорци, изолација на надворешни ѕидови со енергетски ефикасна фасада градба,  променет е кровот, а инсталирани се и сончеви колектори за топла вода.

DCIM100MEDIADJI_0011.JPG

Project summary from the project

“Joint investments in energy effectiveness” under the Interreg-IPA CBC Programme Bulgaria

Annex 3.1 Final Project Summary

Изградба на улица во Пониква

Изградба на улица во Пониква: Завршена е изградбата на улица до манастир Св.Василиј на Пониква во должина од 800 метри.

Вкупната инвестиција изнесува 7 милиони денари.

Изградба на систем за водоснабдување во с.Трооло

Изградба на систем за водоснабдување во с.Трооло
Во месец Декември 2013 година се пушти во употреба новоизградениот водоснабдителен систем во с.Трооло со што конечно се реши деценискиот проблем на жителите од ова населено место.
Инвестицијата е со вредност од 3.100.000 денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој и од буџетот на општина Пробиштип.

Комплетна реконструкција на улица “Јаким Стојковски“

Комплетна реконструкција на улица “Јаким Стојковски“

Општина Пробиштип обезбеди финансиски средства од Светска банка за комплетна реконструкција на главната улица во Пробиштип “Јаким Стојковски“ во должина од 1220 метри. Во овој момент во тек е постапката за избор на Изведувач, а проектот ќе започне со реализција во месец Март 2014 година.

Вкупната инвестиција изнесува 29 милиони денари.

Асфалтирање на патен правец Пробиштип – с. Плешенци

Во текот на 2011 година се заврши со целосно асфалтирање на патниот правец Пробиштип-с.Плешенци.  Вкупната должина на овој локален пат изнесува 3.291 метар. Овој проект е реализиран од страна на Агенцијата за државни патишта. Вкупната инвестиција изнесува 225.000 евра.

Поставување на ново улично осветлување

Уличното осветлување како значаен сегмент на една урбана средина е во фаза на постојано обновување со ЕЕ светилки, како и со поставување на нови сијалични места во градот и помалите населени места.

Од 2009 до 2011 година на цела територија на општина Пробиштип се поставени 204 нови столбни места, 243 енергетски ефикасни сијалици и 12 рефлектори. Поствени се нови сијалични места на улиците:

• “Миро Барага“
• “Цветко Тонев“
• “Кочо Рацин“
• “Никола Карев“
• “8-ми Септември“
• “Скопска“
• “Гоце Делчев“
• “Доне Божинов“
• “Јаким Стојковски“
• “Стив Наумов“
• Осветлување на градски парк
Освен во урбаната средина, ново улично осветлување е поставено и во повеќето населени места. Вкупната инвестиција за осветлување во последните 15 години е рекордна инвестиција во оваа област.

Изградени тротоари

• Изградени тротоари со бекатон коцки на двете страни на улица “Јаким Стојковски“ на површина од околу 500 м2, во должина од 400 метри.
• Бетониран тротоарот на десната страна од улица “Гоце Делчев“ под кој има атмосферски канал и со години претставуваше голема опасност за пешаците.
• Изградени тротоари на улицата “Цветко Тонев“, а изградени се и тротори на дел од улицата “Миро Барага“ во должина од 1 км.
• Поставени се тротоари на влезот во Злетово во должина од 400 м по двете страни на патот.
• Изградени тротоари на патниот правец Пробиштип –Злетово во должина од 150 метри.