Библиотеката како форма и можност за непосредно културно – просветно издигнување на населението во Пробиштип била присутна уште на почетокот на неговото создавање, во годините по Втората светска војна, кога се раѓаше и создаваше новиот Пробиштип.

Првото поорганизирано поставување на Библиотеката било во текот на 1949 година, а библиотеката сместена во зградата “Вила”, се до есента 1951 година, кога се преселува во новиот објект на Домот на култутрата (кино “Рудар”). Во овој објект, но во две различни простории, Библиотеката работи активно и успешно, со постојано зголемување на книжниот фонд и бројот на читатели, се до 1975 година, кога со организациска трансформација во составот на Домот на културата “Злетовски рудар”, се преселува во новата зграда на Домот на културата, каде што работи и сега со следниот библиотечен фонд.