До 1996 година за подрачјето на Пробиштип и Злетово постоеше стара телефонска централа со само 1800 телефонски броеви, односно само 58% од домаќинствата имале телефонски апарати. Во 1996 година пуштена е нова автоматска централа со 3564 броја, која има капацитет во потполност да ги покрие потребите на населението.

Во населбата Злетово има телефонска централа со околу 900 броја, а доводот во истата е кабелски, од централата во Пробиштип.
Во моментот на просторот функционираат повеќе оператори кои нудат квалитетни услуги телефонија, интернет, телевизија и др. Може слободно да се каже дека телекомуникациската инфраструктура е на задоволувачко високо ниво кое секојдневно се надоградува и модернизира.