Основно училиште Никола Кареве лоцирано на улица “Вељко Влаховиќ”, бб во Пробиштип и е изградено 1986 година, каде е сместено и раководството на училиштето. Во училиштето се запишани 397 ученици, распределени во 20 паралелки. Во состав на училиштето се организира и реализира настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 107 ученика;

Во состав на Основното општинско училиште “Никола Карев” работи и функционира Подрачното училиште во село Стрмош.

Училиштето располага со вкупна покриена и корисна површина од 11 251 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачното училиште во село Стрмош, кое се затоплува со печка на дрва (82 m2). Во училиштето се наоѓаат вкупно 15 училници (822 m2), 14 кабинети (876 m2), 1 библиотека (55 m2), 1 спортска сала (1 544 m2) и покриен училишен базент (258 m2), а  располагаат со вкупна дворна површина од 16 720 m2.

Мисија на училиштето е: ОУ “Никола Карев” ќе биде училиште со современа, ефикасна и квалитетна настава за максимален развој и едукација на учениците и вработените, а компатибилна со националната програма за развој на образованието 2005-2015 година. Нашето училиште обезбедува еднакви можности на сите ученици за учење, стекнување на знаења, способности и вештини, развивајќи ја свеста за правата, обврските и меѓусебното почитување.

Изјава на мисијата: “Горди на минатото-свртени кон иднината”.

Мото на училиштето: “Покажете им на луѓето дека верувате во нив, тие ќе се обидат да ја оправдаат Вашата доверба”.

Визија на училиштето: Се стремиме да создадеме училиште со современи услови за работа, едуциран наставен кадар, интерактивна соработка меѓу наставниците, учениците и родителите, примена на нови наставни форми и методи за работа во наставата, училиште со пријатна атмосфера за работа во кое наставникот е максимално мотивиран да работи, а ученикот максимално отворен за соработка.

Изјава на визијата: “Училиштето ќе биде работилница во која ќе се создава моделот на утрешниот граѓанин”.

Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 407 ученици, распределени во 21 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 249 ученици, распределени во 12 паралелки и во предметна настава се запишани 158 ученици, распределени во 9 паралелки. Во училиштето, како испостава на ОУ “Браќа Миладиновци”, работи нижо музичко училиште во кое се запишани 11 ученици и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 107 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 65 вработени, од кои 2 се раководен кадар (директор и помошник директор), 3 се стручни соработници, 3 се административен кадар, 39 се наставници (од кои 14 се наставници во одделенска настава и 25 се наставници во предметна настава) и 18 се технички кадар.

  • Корисна површина

    Корисна површина (m2) во Основното општинско училиште Никола Карев

    Училишта

    училн.

    површ.

    кабин.

    површ.

    библио.

    површ.

    двор

    ОУ Никола Карев

    13

    741

    14

    876

    1

    55

    16 223

    ПУ во село Стрмош

    2

    81

    497

    Вкупно:

    15

    822

    14

    876

    1

    55

    16 720

  • Број на запишани ученици

    Број на запишани ученици во Основното општинско училиште Никола Карев” во учебната 2013/2014 година

    Оделение

    ОУ Никола Карев

    ПУ во село Стрмош

    ученици

    паралеки

    ученици

    паралелки

    I

    53

    2

    1 комбинирана

    II

    45

    2

    3

    III

    45

    3

    2

    IV

    49

    2

    2

    V

    47

    2

    3

    Вкупно-одд:

    239

    11

    10

    1 комбинирана

    VI

    38

    2

    VII

    27

    2

    VIII (деветг.)

    47

    3

    VIII (осумг.)

    46

    2

    Вкупно-пре:

    158

    9

     

     

    Вкупно:

    397

    20

    10

    1 комбинирана

    Се вкупно:

    407 ученици распределени во 21 паралелка