Старата архитектура
Дел од материјалната култура на шоплукот има свои специфични обележја. Пробиштип се наоѓа близу до јадрото на шоплукот.
Селата биле од разбиен тип, групирани во маала со тесни неасфалтирани улици и маалски селски чешми.
Злетово како населба од полуградски тип во своите прегратки сочувала и дел од традиционалната архитектура. Поголем дел од неговите куќи се распоредени од двете страни на 5 – 6 метри широката улица, која се протега паралелно со Злетовска река. Кон куќите сместени зад оваа улица водат кратки, тесни и криви сокаци. Претежно скоро во сите села преовладуваат куќи на кат, изградени од балван или камен. Основата е правоаголна, главно квадратна. Првиот кат воглавном е од камен, каде се наоѓаат зимникот и арот, а на катот се наоѓаат две – три соби, кујни и чардак – најчесто отворен. Кровната конструкција, а посебно старата ја сочинувале тешки камени плочи, а денес се заменети со ќерамиди.
Стара трошна куќа – Злетово
Сопственост на Кире Алексов (Потекнува од Турско време. До 1985 год. во неа живеело семејството чија сопственост е. Инаку после турците, куќата била општина, а во времето на колективот била амбар за жито. Куќата е заштитена со Закон, меѓутоа за жал таа куќа пропаѓа, бидејќи ништо не е превземено околу нејзино санирање.