Biljana_Eftimova

Билјана Ефтимова
Советник во Одделение за внатрешна ревизија

Одделението за внатрешна ревизија ги врши следните работи:

– врши внатрешна ревизија во општината и во јавните служби кои ги основа општината, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;
– подготвува годишен план за внатрешна ревизија и по одобрување на градоначалникот го обезбедува неговото спроведување и следење;
– доставува извештаи за извршената внатрешна ревизија до градоначалникот и советот на општината;
– изготвува годишни извештаи за работењето на внатрешната ревизија;
– врши оценување на значајни фактори на ризик и давање совети на градоначалникот за намалување на факторите на ризик;
– дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
– ја следи и проверува точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
– ја утврдува и оценува усогласеноста на работењето со законите, подзаконските акти и актите на органите на општината.