Од јануари 2004 година Минералошката збирка, која беше во сопственост на поранешниот рудник за олово и цинк “Злетово” е отстапена во сопственост на локалната самоуправа од Пробиштип.

Во рамки на домот на културата “Злетовски рудар” е формирано етнолошко катче со експонати карактеристични за нашиот крај. Веруваме дека овие поставки во иднина ќе прераснат во комплексен минералошко – етнолошки музеј, кој ќе овозможи и поголема посетеност на нашиот крај.