Основно општинско училиште Браќа Миладиновцие лоцирано на улица “Гоце Делчев”, број 2 во Пробиштип и е изградено 1961 година, каде е сместено и раководството на училиштето. Во училиштето се запишани 415 ученици, распределени во 21 паралелки. Во состав на училиштето се организира и реализира настава за ученици со посебни потреби (9 ученика во една комбинирана паралелка од I до VIII одделение) и настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 26 ученика. Во состав на училиштето функционира спортска сала со површина од 850 m2;

Во состав на Основното училиште “Браќа Миладиновци” работат и функционираат Полното основно училиште “Кирил и Методиј” во Злетово, Подрачното училиште “Ванчо Трајков” во село Пробиштип и Подрачните училишта во село Ратавица и село Добрево.
Училиштето располага со вкупна покриена и корисна површина од 5 139m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем, со исклучок на подрачните училишта во село Ратавица и село Добрево, кој се затоплуваат со печки на дрва (93m2). Во училиштето се наоѓаат вкупно 30 училници (1 456m2), 19 кабинети (957m2), 3 библиотеки (39m2) и 2 спортски сали (2 072m2), а располагаат со вкупна дворна површина од 16 956m2.
Мисија на училиштето е: Го поттикнуваме учењето и личниот, емотивниот и социјалниот развој на учениците подеднакво со компетентен и едуциран кадар.

Изјава на мисијата: “Училиште со еднакви можности за развој и напредување”.

Слогани: “Го поттикнуваме учењето”, “Го поттикнуваме личниот, емоционалниот социјалниот развој на учениците”, “Го поттикнуваме учењето подеднакво со копетентен и едуциран кадар”.

Визија на училиштето: Ќе ги подобриме и промовираме постигањата на учениците во сите подрачја со користење на стекнатите знаења и вештини на кадарот, соработувајќи со релевантни институции од локалната и пошироката заедница.

Мото на училиштето: “Училиште во кое сите напредуваат”.

Во учебната 2013/2014 година, во училиштата за основно образование се запишани 713 ученици, распределени во 37 паралелки, од кои во одделенска настава се запишани 398 ученици, распределени во 22 паралелки и во предметна настава се запишани 315 ученици, распределени во 15 паралелки. За учениците со посебни потреби работи една комбинирана паралелка во која се опфатени 9 ученици. Во училиштата работи нижо музичко училиште во кое се запишани 40 ученици и настава за продолжен престој на ученици во која се опфатени 56 ученици од одделенска настава. Воспитно-образовната работа ја организираат и реализираат вкупно 154 вработени, од кои 2 се раководен кадар (директор и помошник директор), 5 се стручни соработници, 4 се административен кадар, 55 се наставници (од кои 24 се наставници во одделенска настава и 31 се наставници во предметна настава) и 23 се технички кадар.

  • Корисна површина

    Корисна површина (m2) во Основното училиште Браќа Миладиновци

    Училишта

    училн.

    површ.

    кабин.

    површ.

    библио.

    површ.

    двор

    ОУ Браќа Миладиновци

    11

    495

    13

    641

    1

    18

    5 081

    ПОУ Кирил и Методиј

    13

    671

    4

    219

    1

    16

    6 955

    ПУ Ванчо Трајков

    4

    197

    2

    97

    1

    5

    4 920

    ПУ во село Ратавица

    1

    41

    нема

    ПУ во село Добрево

    1

    52

    нема

    Вкупно:

    30

    1 456

    19

    957

    3

    39

    16 956

  • Број на запишани ученици

    Број на запишани ученици во Основното општинско училиште Браќа Миладиновци” во учебната 2013/2014 година

    Оделение

    ОУ Браќа Миладинов.

    ПОУ Кирил и Методиј

    ПУ Ванчо Трајков

    ПУ во село Ратавица

    ПУ во село Добрево

    учен.

    пар.

    учен.

    пар.

    учен.

    пар.

    учен.

    пар.

    учен.

    пар.

    I

    39

    2

    21

    1

    10

    1

    1

    1 ком.

    1

    1 ком.

    II

    38

    2

    23

    1

    9

    1

    2

    2

    III

    31

    2

    30

    2

    11

    1

    4

    IV

    45

    2

    21

    1

    18

    1

    1

    1

    V

    40

    2

    25

    1

    17

    1

    4

    4

    Вкупно-одд:

    193

    10

    120

    6

    65

    5

    12

    1 ком

    8

    1 ком

    VI

    62

    3

    21

    1

    VII

    42

    2

    21

    1

    VIII (деветг.)

    58

    3

    23

    1

    VIII (осумг.)

    60

    3

    28

    1

    Вкупно-пре:

    222

    11

    93

    4

     

     

     

     

     

     

    Вкупно:

    415

    21

    213

    10

    65

    5

    12

    1 ком

    8

    1 ком

    Се вкупно:

    713 ученици распределени во 38 паралелки


Полно основно училиште “Кирил и Методиј”

Полно основно училиште “Кирил и Методиј” е лоцирано на улица “Јане Сандански”, бб во Злетово и е изградено 1966 година. Во училиштето се запишани 213 ученици, распределени во 10 паралелки. Во училиштето се организира и реализира настава за учениците од одделенска настава во продолжен престој, каде се запишани 27 ученика. Во состав на училиштето функционира спортска сала со површина од 1 222 m2;


Подрачно училиште “Ванчо Трајков” 

Подрачно училиште Ванчо Трајкове лоцирано на улица “Ванчо Трајков”, бб во село Пробиштип и е изградено 1986 година. Во училиштето се запишани 65 ученици, распределени во 5 паралелки;


Подрачно училиште во село Ратавица

Подрачно училиште во село Ратавица е лоцирано на излезот од селото и е изградено 1950 година. Во училиштето се запишани 12 ученици во една комбинирана паралелка;


Подрачно училиште во село Добрево

Подрачно училиште во село Добрево е лоцирано на средишниот дел од селото и е изградено 1957 година. Во училиштето се запишани 8 ученици во една комбинирана паралелка.