Училишни лиги

Училишни лиги
Општина Пробиштип организира училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и сл.) Со воведувањето на училишните лиги се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, а во исто време се селектираат и најдобрите спортисти во училиштата.

Спортско лето – спорт за сите

Спортско лето – спорт за сите
Со цел развој на спортот, општина Пробиштип во текот на летниот период организира повеќе спортски турнири на кои учество земаат спортски екипи од општината и надвор од неа. Покрај спортските турнири, по повод празникот 28-ми Август, општината организира недела на спортот каде се доделуваат и вредни парични награди.

Изградба на повеќенаменско игралиште

Изградба на повеќенаменско игралиште
Со цел развој на спортот, општина Пробиштип доби ново повеќенаменско игралиште во центарот на градот. Игралиштето е наменето за спортување, рекреирање и натпреварување и може да се користи од страна на сите граѓани на општина Пробиштип.
Проектот беше реализран со помош на Агенција за млади и спорт во вредност од 7 милиони денари.

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

• Формирање на спортска гимназија во склоп на СОУ Н.Н Борче. Ова училиште е единствено во регионот во кое се школуваат кадри за потребите на спортските клубови.

• Изградена и пуштена во употреба спортската сала “Илинден 1903“ во Злетово. После 10 години Злетово ја доби долговетуваната спортска сала и доби место за спорт и рекреација на младите. Изградбата на оваа спортска сала чинеше околу 18 милиони денари
• Изградено и пуштено во употреба фудбалско игралиште во Пробиштип. На површина од околу 2 хектари, граѓаните на Пробиштип добија нов, современ фудбалски терен кој заедно со поставените рефлектори за користење во вечерните часови особено е користен во текот на летниот период. Инвестицијата е со вредност од околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на Агенцијата за млади и спорт.
• Изградена и пуштена во употреба спортска сала во Пробиштип. Пробиштип доби уште еден спортски терен каде младите ќе можат да спортуваат и да го поминуваат слободното време. Вкупната инвестиција изнесува околу 42 милиони денари.
• Реконструкција на повеќенаменско игралиште во населба Карпош. Со реконструкцијата беше извршено оградување на игралиштето со заштитна ограда, беа поставени спортски реквизити, изграден пристап и поставувени рефлектори со што се овозможи користење на игралиштето во вечерните часови. Вкупната инвестиција изнесува 500.000 денари средства обезбедени од буџетот на општина Пробиштип.
• Изградба на ново детско игралиште во центарот на градот. Со изградбата беше опфатено поставување на нова подлога, нови модерни детски реквизити, поставување на урбана опрема, како и оградување на игралиштето. Инвестицијата е вредна околу 1.500.000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.
• Организирање ,,Недела на спортот и културата“. Во периодот од 21 – 28 август, кога секој ден на спортските терени во Пробиштип и на градскиот плоштад се случуваат спортски и културни настани):
• Спортски турнир во мал фудбал за деца до 15 години
• Училишна лига во мал фудбал
• Летен фудбалски турнир во голем фудбал
• Континуирана подршка на над 10 турнири во различни спортски дисциплини

Изградба на фудбалско игралиште

Во Септември 2010 година во Пробиштип беше пуштено во употреба фудбалското игралиште финансирано од страна на Владата на РМ. На површина од околу 2 хектари, граѓаните на Пробиштип добија нов, современ фудбалски терен кој заедно со поставените рефлектори за користење во вечерните часови особено е користен во текот на летниот период. Инвестицијата е со вредност од околу 12 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Изградба на две спортски сали во Пробиштип и Злетово

Во Септември 2010 година беше пуштена во употреба спортската сала Илинден 1903 во Злетово која е една од 35 сали изградени од страна на Агенцијата за млади и спорт. Изградбата на оваа спортска сала чинеше околу 18 милиони денари.
Во месец Мај 2011 година во Пробиштип се пушти во употреба нова спортска сала која беше изградена од страна на Министерството за образование и наука и дадена на користење на СОУ Н.Н Борче. Вкупната инвестиција изнесува околу 42 милиони денари.