Детска заштита

Со процесите на децентрализација општина Пробиштип во своја надлежност ги доби јавните установи за дневна и социјална заштита на децата.
Jавната установа за дневна и социјална заштита на децата е Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев” во чиј состав работат Работните единици “Цветови” и “Срничка” во Пробиштип и “Изворче” во Злетово.


Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев”

Установата располага со вкупна покриена површина од 3 311 m2 и истата, во зимскиот период се загрева со топловоден систем. Во установата се наоѓаат вкупно 18 занимални со вкупна површина од 939m² и со проектиран капацитет за 390 деца, а располага со вкупна дворна површина од 14 191 m².
Во учебната 2013/2014 година, во детската градинка дневно и социјално се заштитуваат 345 деца, распределени во 13 групи и за нив се грижат вкупно 42 вработени. Дневното и социјаланто заштитување на децата се организира и реалзира во временски интервал од 06.00 до 16.30 часот. Во установата се организираат и реализираат следните програми и проекти “Чекор по чекор” и “Граѓанско образование и приоди кон визуелно размислување”.


РЕ “Цветови”

РЕ “Цветови” е лоцирана на улица “Јордан Стојанов”, број 47/А во Пробиштип и е изградена 1981 година. Во РЕ е сместено и раководството на Јавна општинска установа Детска градинка “Гоце Делчев”. Единицата има проектиран капацитет за 160 деца и расплага со 8 занимални (414m²). Во единицата дневно и социјално се заштитуваат 159 деца, распределени во 6 групи и за нив се грижат вкупно 20 вработени. Во 2 занимални се згижени децата со посебни потреби од Центарот за социјалана грижа. Единицата располага со вкупна покриена површина од 1 260m² и со вкупна дворна површина од 2 555m²;




  • Број и структура на вработени

    Број и структура на вработени во ЈОУ ДГ “Гоце Делчев

    Вработен кадар

    РЕ “Цветови

    РЕ “Срничка

    РЕ “Изворче

    Директор

    1

    Педагог

    1

    Воспитувач

    6

    4

    3

    Неговател

    8

    4

    2

    Технички персонал

    6

    3

    2

    Администрација

    2

  • Број на дневно и социјално заштитени деца

    Број на дневно и социјално заштитени деца  во ЈОУ ДГ “Гоце Делчев
    во 2013/2014 година

    Структура/групи

    РЕ “Цветови

    РЕ “Срничка

    РЕ Изворче

    деца

    групи

    деца

    групи

    деца

    групи

    Јасли

    34

    2

    /

    /

    16

    1

    I мала група (до 1 год.)

    23

    1

    22

    1

    II мала група (до 2 год.)

    30

    1

    31

    1

    Средна група (од 3 – 4 год.)

    31

    1

    33

    1

    20

    1

    Голема група (од 5 – 6 год.)

    41

    1

    43

    1

    21

    1

    Вкупно:

    159

    6

    129

    4

    57

    3

    Се вкупно:

    345 деца и 13 групи