Денес, 27.06.2018 во Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип се одржа завршната прес конференција за проектот „Заеднички инвестиции во енергетска ефикасност“, чија што цел е реконструкција на административни згради во општина Рила и општина Пробиштип. Проектот е финансиран преку Програмата Interreg-IPA CBC за преку гранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Завршната конференција ја отворија и со неа раководеа градоначалникот Драган Анастасов и раководителот на проектот Васко Златковски и помошник на раководителот на проектот Марија Митева, кои пред присутните ги претставија спецификите на проектот и реализираните активности како и идните планови за понатамошно интериорно уредување на објектот.
На Конференцијата присуствуваа: советникот за европска интеграција од Министерството за локална самоуправа Вулнет Арифи, градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова, претседателот на советот Љупче Благоевски, советници од Советот на општина Пробиштип и други раководители на општински институции.