По петти пат во паркот, на Младенци, се засадија рози во чест на љубовта.
Петта година по ред младенците, кои се венчани во минатата година ги садат розите на љубовта.
Годинава, иако во мошне лоши временски услови, со снег и студено време сепак, младенците дојдоа да си ја засадат својата роза, која во текот на годината ќе ја посетуваат и ќе ја негуваат, а таа роза ќе ги потсетува на овој убав момент.
Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов лично им го честита овој свечен миг, а за спомен од настанот направија една групна фотографија.