Денес 28.12.2017 (четврток), по повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов оствари средба со Oпштинската организација на Црвен крст – Пробиштип, Здружението на инвалиди на трудот од Пробиштип и Здружението на пезнионери од Пробиштип.
На средбите се разговараше за идните планови и активности на овие здруженија и можностите за потпишување на меморандуми за соработка, со кои Општината ќе придонесе за подобро и поуспешно фукционирање.