С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за произвотство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 116/2, 116/3 и 116/9, КО Бучиште – општина Пробиштип

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за произвотство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 116/2, 116/3 и 116/9, КО Бучиште – општина Пробиштип, изработен од страна на планерската куќа Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг “ТЕКТОН” ДООЕЛ- Скопје, со Тех.бр.390/22, од март 2023 година.
Проектниот опфат се наоѓа јужно од градот Пробиштип во КО Бучиште, општина Пробиштип и се наоѓа надвор од соседните плански опфати, а со самото тоа и нема дефинирано намена на земјиштето согласно Законот за урбанистичко планирање.
Просечна надморска висина е од 401m до 498m.
Површина на проектниот опфат е е 92 332m2 (9.23ха).

10-323-5 Соопштение за ЈУ за УП

Р-04-1-Урбанистички-проект-вон-опфат-(Е1.13)-КП-116-2,-116-3-и-116-9-КО-Бучиште--214