Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 1363/1, КО Петршино и дел од КП 115/3, КО Бучиште – општина Пробиштип, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инжинеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ Скопје, со Тех.бр.359/22 од октомври 2022 год.
Според опишаните граници на горенаведениот Урбанистички проект, апроксимативната површина на планскиот опфат изнесува П=6.61 ха.
Границите на планскиот опфат се:
· Североисток –дел од КП 1363/1 ,КО Петршино
· Исток – дел од 1363/1, КО Петршино, и дел од КП 115/3, КО Бучиште
· Југоисток – КП 968, 1/1 КО Бучиште
· Запад – КП 1364/5, 1364/4, 1364/3 КП Бучиште
Пристап до проектниот опфат е од планиран пристапен пат по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури на дел од КП 1533, 1364/3, 1363/1,КО Петршино и на дел од КП 115/3, 102/8, 102/10, 102/9, 102/3, 968, КО Бучиште – општина Пробиштип. Со планирање на нова градежна парцела ќе се овозможи задоволување на потребите за изградба на фотоволтаична централа со моќност до 10MW.