Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани(фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 115/2, 115/6, 115/7, 115/8 и дел од 115/3, КО Бучиште-општина Пробиштип, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инжинеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ Скопје, со Тех.бр.357/22 од септември 2022 год.
Проектниот опфат се наоѓа југозападно од градот Пробиштип во КО Бучиште, општина Пробиштип. Пристап до проектниот опфат е од постојан некатегоризиран пат од источна страна. Просечна надморска висина е од 501m до 511m.
Површина на проектниот опфат е 92 567m2 (9.27ха).
Границите на проектниот опфат се:
· Север – КП 1363/1 КО Петршино
· Исток – КП 115/4, 115/5, 115/9, 116/9 КО Бучиште
· Југ – КП 115/1 и 102/1 КО Бучиште
· Запад – КП 102/8 и дел од КП 115/3 КО Бучиште.