С О О П Ш Т Е Н И Е За спроведување на јавен увид по
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 1389 И 1390 КО ДОБРЕВО- ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 КО Добрево – општина Пробиштип, со Тех.бр.329/21 од декември 2021 год., изработен од страна на планерската куќа Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ – Скопје.
Член 2
Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 КО Добрево – општина Пробиштип се наоѓа североисточно од градот Пробиштип во м.в. Завој, КО Добрево, општина Пробиштип. Пристапот до проектниот опфат е од постоен некатегоризиран пристапен пат од западната страна и до сега не бил опфатен со урбанистичка документација. Во границите на планскиот опфат нема постојни објекти.
Границите на проектниот опфат се:
- Север – КП 1385и 1391/1 КО Добрево;
- Исток – КП 1388 КО Добрево;
- Југ – КП 1385 и 1386 КО Добрево;
- Запад – КП 1385 КО Добрево.
Апроксимативна површина на проектен опфат е 0.499 ха.
Со овој урбанистички проект се планира градба од групата на класи на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани. Во рамки на предметниот проектен нема изградени објекти и истиот не е опремен со комунална инфраструкутра. Со планирањето на нова градежна парцела ќе се овозможи задоволување на потребите за изградба на фотоволтаична централа со капацитет од 1 MW.
Во границите на планскиот опфат планирана е 1 градежна парцела со следните основни класи на намена:
-Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури
-Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани
со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основните согласно Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“, број 225/20 и 219/21год.).
Целта на изработката на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 1389 и 1390 КП Добрево – општина Пробиштип е да се оформи градежна парцела за изградба на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија што претставува стратешки потег во обезбедување на енергетска независност како и зачувување на земјиштето од загадување.