С О О П Ш Т Е Н И Е

            Во деновите 28.07. и 29.07.2022 година во периодот од 22 до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци.

На ден 30. 07. 2022 година (сабота) во текот на  раните утрински  часови во периодот од 05 – 09 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено втора аеросолна  адултицидна дезинсекција (авионско третирање). Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Злетовица, почнувајќи од с. Пишица, па се до над Злетово, долж течението на река  Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

                                                                     ОПШТИНА ПРОБИШТИП

                                                             ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ