Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов денес (17.05.2018г.) ги отвори 33-тите регионални пензионерски игри.
Во своето обраќање тој истакна дека, овие игри се прилика за зацврстување на ентузијазмот, пријателствата, но и здравјето на пензионерите.
Несебичната поддршка од општина Пробиштип за пензионерите ќе продолжи и понатаму, во соработка со Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе се реконструира дел од здравствениот дом „Нада Михајлова“ каде што е предвидено да се смести геријатриско одделение и дом за стари лица, од што бенефит ќе имаат, не само граѓаните од општина Пробиштип, туку и оние од соседните општини.
Согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Здружението за старосни пензионери во Пробиштип, Општината и понатаму активно ќе работи на остварување на взаемната соработка и во делот на развивање партнерство и поттикнуање на граѓанската свест за развој на локалната демократија, како и охрабрување во делот на зголемување на мобилноста на лицата во трето доба во рамките на Општината.