Познатиот актер Марјан Ѓорѓиевски ги насмеа до солзи пробиштипјани
Во рамки на пробиштипското културно 2021 лето, сношти (29.07.2021) на летната сцена во Пробиштип се случи Stend up комедија со еден од најдобрите Stend up комичари Марјан Ѓорѓиевски. Пред полниот амфитеатар еден час овој комичар ги смееше до солзи присутните, кои желни за смеа дојдоа да ја исфрлат целата негативна енергија која година и половина во времето на короната ја собирале. Сите си посакаа повеќе вакви насмеани денови. Искрено се надеваме на тоа, од таа причина не случајно во рамки на културното лето предвидовме и неколку Stend up настани, со желба да гледаме насмеани лица. Со ветување дека во најскоро време повторно ќе се видиме го испративме овој извонреден уметник кој остави одличен впечаток кај пробиштипската публика.