Денес, 23.01.2019 година, Општина Пробиштип и општина Кратово потпишаа Согласност кон Договорот за изработка на апликација за номинирање на Лесново за Гео – парк, кој го потпишаа Центарот за развој на Источно планскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Во периодот октомври-ноември 2019 година апликацијата ќе биде поднесена до Националната комисија, која ќе ја предаде истата до Советот за глобални Гео – паркови на УНЕСКО.
Со оглед на геолошкото наследство и биолошкиот диверзитет со кој располага Лесновскиот крај, Лесново ќе добие можност да стане првиот Гео – парк во Република Македонија и втор на Балканот и со тоа да го заштити ова богатство, во насока на зачувување на природата и секако да го поттикне развој на туризмот.
Покрај апликацијата, во текот на овој период ќе се работи на инфраструктурни проекти, како што се патеки, табли и друга инфраструктура за подготвување на Гео – паркот.