По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост Градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Драган Анастасов, Претседателот на Советот, Љупчо Благоевски и советничката група присуствуваа на настанот организиран од страна на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост.
Настанот беше одбежелан преку низа на забавни активности каде земаа учество најмалите, дечињата од детската градинка, балетското студио „Магија“ при Домот на културата Злетовски рудар Пробиштип, дечињата од паралелката за деца со посебни потреби при ООУ„Браќа Миладиновци“ и Антонија Анѓеловска позната со нејзиниот глас на неколкуте општински манифестации.
Децата со посебни потреби имаат еднакви права со правата на сите граѓани, имаат право на образование, инклузија, пристапност до сите инситуции. Ние како локална самоуправа должни сме да се грижиме и да даваме поддршка на лицата со попреченост. Нашата заложба е да се грижиме 365 дена во годината, а не само еден ден во годината, изјави градоначалникот Анастасов.
На крајот, по завршувањето на забавните активности на дечињата им беа доделени подароци од страна на градоначалникот, советниците, претставниците од другите институции, претставниците од бизнис заедницата и други гости кои присуствуваа на настанот.