Во организација на Општинската организација на резервни офицери на Пробиштип, а под покровителство на Градоначалникот на општина Пробиштип, на спомен паркот „Братство и единство“, се одржа свечено одбележување на 3 април, нападот на рудниците за олово и цинк „Злетово“ од страна на Третата македонска ударна бригада во далечната 1944 година, а од минатата година е и патрон на ОО на резервни офицери на Пробиштип.
Одбележувањето на Денот започна во раните утрински часови со марш до месноста „Солиште“. Подоцна, на спомен паркот „Братство и единство“ се одржа централната манифестација со културно уметничка програма, во склоп на која се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од повеќе делегации.