На денешната 7-ма седница на Советот на општина Пробиштип, Гадоначалникот и советниците едногласно не дозволија поскапување на цената на водата, иако ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип, согласно добиените насоки од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, имаше поднесено предлог – Одлука за поскапување на цената на водата во општина Пробиштип за 3,5 денари за м3.
Со направените анализи се донесе Заклучок дека со одговорно и домаќинско работење на ЈКП „Никола Карев“ и сегашната цена на водата е соодветна за да може истото рентабилно да работи.
И во наредниот период општина Пробиштип, заедно со Советот ќе работи и ќе ги штити исклучиво интересите на нејзините граѓани.