Општина Пробиштип, преку Министерството за труд и социјална политика, обезбеди 8.000.000 денари за детска градинка во населба Калниште.

Во текот на месец декември Министерството распиша јавен оглас за финансирање на проекти за изградба, доградба, адаптација и опремување на објекти за проширување на капацитетите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Со оглед на детектираните потреби на граѓаните на општина Пробиштип, а согласно програмски определби на новата локална власт, се изготви техничка документација и предмер пресметка за дел од трепезаријата во ООУ„Никола Карев“ – Пробиштип која опфаќа адаптација на простор во основното училиште со намена на детска градинка, согласно Правилникот за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца.

Проектот опфаќа адаптација на просторот  кој се наоѓа во ООУ„Никола Карев“, на приземје, со посебен влез и со површина од околу 300м2. Простоторот е соодветен за оваа намена, во истиот предвидено е две занимални, трепезарија, ходник, тоалети,  остава, административна просторија. Во овој простор ќе се направат две хетерогени групи и ќе се опфатат 32 деца. Со ова ќе се овозможи намалување на бројот на децата по групи во другите два клона и листата на чекање нема да постои.

DETSKA-GRADINKA-PROBISTIP