Согласно целите од Втората Национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 -2020, голем акцент се става на заштита на децата како ранлива група на учесници во сообраќајот, притоа поставувајќи цел 0 (нула) деца жртви во сообраќајот. По тој повод ОСБСП заедно во соработка со Општина Пробиштип, Полициската станица во Пробиштип и општинските училишта организираа дефиле на деца – пешаци, кои преку транспарентите кои што ги носеа, упатиja порака до сите учесници во сообраќајот, при што децата упатија јасна и силна порака „Внимавајте на децата и кога се на улица и кога се покрај улицата“.
ОСБСП