Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ја отпочнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.
Во текот на наредните два месеци, како дел од кампањата, се организираат локални настани во 30 града во соработка со заедницата, центрите за социјална работа и СОС Детско село Македонија, за граѓаните низ целата земја да дознаат повеќе за тоа како може да станат згрижувачи. Придружете ни се! #СемејствоЗаСекоеДете
Конференциска сала, Дом на култура – Пробиштип
10.07.2018 од 12:00 часот