Врз основа на Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани, жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед и за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање бр. 26-284/8 од 12.03.2021 годна (Службен гласник на општина Пробиштип бр.3/2021) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање бр.26-468/16 од 29.04.2021 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.4/2021), а согласно предвидените средства во Програмата на општина Пробиштип за спроведување на активности на спортските друштва и за активности на општината во спортот за 2021 година бр. 26-928/9 од 30.11.2020 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.42/2020), на ден 18.05.2021 година се распишува следниот:
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед
- Опис
Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира жителите на општина Пробиштип (домаќинствата) ќе надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипеди купени во 2021 година.
Висината на поединечната субвенција по барател/домаќинство изнесува 40% од вредноста на набавениот велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари во нето износ. (Персоналниот данок ќе биде на товар на Општината од вкупно одобрените средства за субвенции)
Со оваа одлука ќе бидат субвенционирани баратели/домаќинства се до исцрпување на вкупно одобрените средства.
Во Буџетот на општина Пробиштип во Програмата за спроведување на активности на спортските друштва и за активности на Општината во спортот за 2021 година за оваа намена се предвидени 450.000 денари.
Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за оваа намена.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден – прв услужен“.
- Право на учество на Јавниот повик:
Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на тошоци за велосипед има секој граѓанин, жител на општина Пробиштп кој ги исполнува следните услови:
- да е полнолетен жител на општина Пробиштип,
- да е платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее,
- велосипедот да е купен во 2021 година,
- во домаќинството да нема друг член што поднел барање за добивање субвенција за ваков вид на субвенција.
- Барателот треба да ги достави следните документи:
- копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
- копија од трансакциска сметка,
- изјава за давање согласност за користење лични податоци,
- изјава за семејна состојба,
- потврда од Општина Пробиштип дека e платен данокот на имот за станбениот објект во кој живее подносителот на барањето,
- фотографија за купениот велосипед,
- доказ дека купувањето на велосипедот е извршено во 2021 и тоа фискална сметка или фактура со извод од банка за извршена уплата за купениот велосипед или Договор за плаќање на рати со прилог – доказ за платена прва рата (во оригинал или копија заверено кај нотар),
- изјава заверена кај нотар, со која барателот под морална, материјална и кривична одговорност ќе потврди дека во домаќинството нема друг член што поднел барање за добивање на овој вид субвенција и дека е согласен на барање на Комисијата да го донесе на увид купениот велосипед пред административната зграда на Општината, во спротивно барањето за субвенција ќе биде одбиено.
- Начин на пријавување на Јавниот повик
Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2021 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса улица: „Јаким Стојковски“ број: 1, Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.
На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање трошоци за набавка на велосипед за 2021 година “.
Архивата на општина Пробиштип примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
Образецот на барање и образецот на изјави ќе бидат достапни на веб страницата на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk и во архивата на општина Пробиштип.
- Начин на одобрување
Одобрувањето за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2021 година ќе го врши Комисија која има право на увид во купениот велосипед пред општинската зграда.
Одобрувањето за субвенционирање на трошоци за набавка на велосипед за 2021 година ќе се врши на принципот: прв дојден – прв услужен.
Комисијата има обврска:
– да ги разгледа и провери сите пристигнати барања во врска со објавениот јавен повик и
– да даде предлог до Градоначалникот за прифаќање, отфрлување или одбивање на поднесеното барање во зависност од тоа дали барателот ги исполнува условите за субвенционирање наведени во објавениот јавен повик.
За пристигнатите и обработени барања, ќе се води листа со следните податоци: име, презиме и адреса, датум и час и минута на пристигнатата пријава на Јавниот повик, износ на надоместокот за барателот и износ на персоналниот данок на доход.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден – прв услужен“, по претходно донесени Решенија за усвојување на барањата од страна на Градоначалникот на општина Пробиштп .
- Начин на остварување на правото на надоместок
Градоначалникот на општина Пробиштип на предлог на Комисијата донесува Решение за усвојување на барањето за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето на предлог на Комисијата, Градоначалникот на општина Пробиштип дава писмено известување за неусвојувањето.
Комисијата ги известува барателите во рок од 7 дена од денот на поднесување на барањето доколку немаат уредна и комплетна документација и им ја враќа истата во прилог на известувањето.
Општина Пробиштип
Градоначалник
Драган Анастасов