Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Пробиштип, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 15.08 2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Згрижувачко воспитна дејност и инклузија на деца”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право. За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

– млади лица до 29 години

– лица постари од 50 години

-невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID 19

– лица корисници на гарантирана минимална помош

– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

– лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

– жртви на семејно насилство

– лица со попреченост

– жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

– лица припадници на ромската етничка заедница

-лица на кои им е решен статусот со лична документација

– самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

– родители на 3 и повеќе деца

– лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место : Двајца Образовни асистенти  со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање во  СОУ „Н.Н Борче“ Пробиштип; пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата; пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;  помош и поддршка на родителите преку соработка со истите; соработка со заедницата; соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот

Позиции за работно место Образовен асистент  

Потребни квалификации и занимања за Работно место: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Пробиштип, Лицето да припаѓа на една од целните групи, Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, Завршено високо образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог,социјален работник,социјален и рехабилитациски педагог , со завршено VII/1 степен, т.е  VI  A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условит за наставник во одделенска настава (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава  (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС),

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип во периодот од 15.08 2022 година до 19.08 2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип  и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип кај лицето Влатко Јордановски,  Центар за социјлна работа Пробиштип кај лицето Надица Крстевски.

Јавен-Повик-ОКР-ОП-2022-obrazoven-asistent-нт