Врз основа на член 36 став 1 точка 1 од Законот за локална самоуправа(Службен весник на РМ бр.5/2002) и член 21 став 1 точка 11, а во врска со член 15 став 1 точка 7 од Статутот на општина Пробиштип (Службен гласник на општина Пробиштип) 4/2005, 25/2014,14/2019 и 23/2019), а врз основа на Одлуката за формирање на Совет за социјална заштита на општина Пробиштип со број 26-904/10 од 27.09.2019 година Градоначалникот на општина Пробиштип на ден 18.02 2026 година објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До здруженија на граѓани за предлагање на членови на Општински совет за социјална заштита

1. Цел на јавниот повик
За остварување на дејноста на социјалната заштита, општина Пробиштип , развива локални мерки и активности за социјална заштита согласно Законот за социјална заштита и формира Општински совет за социјална заштита. Општинскиот совет за социјална заштита покрај претставниците од установите е составен и од претстаници на даватели на услуга, здруженија на граѓани и други правни и физички лица кои вршат дејност на социјалната заштита.
Општина Пробиштип со овој јавен повик ги повикува здруженијата на граѓани , даватели на социјални услуги, стручни лица активни во областа на социјалната заштита, здравството, заштитата на деца , стари лица, лица со попреченост и други ранливи категории да предложат /овластат свои претставници за членови кои ќе учествуваат во работата на Општинскиот Совет за социјална заштита со мандат од 4 години.
Именуваните членови на Општинскиот совет за социјална заштита ќе извршуваат работи и задачи согласно Законот за социјална заштита, ќе учествуваат во изготвување на социјален план за подрачјето на општина Пробиштип кој содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи во општината, анализата на капацитетите и расположливите социјални услуги како и специфичните потреби за развој на социјални услуги во општина Пробиштип.

2. Право на учество имаат:
– Регистрирани здруженија согласно Закон за здруженија
-Имаат релевантно искуство во областа на социјалната заштита и спроведуваат активности во општина Пробиштип

3. Критериуми за предложените кандидати
-Да поседуваат соодветно образование или искуство во областа на социјалната заштита или сродни области
-Да живеат во општината и да уживаат углед и доверба во заедницата
-Да имаат интерес и подготвеност активно да учествуваат во работата на Советот за социјална заштита.
4. Потребна документација
-Образец -Пријава
-Кратка биографија за предложеното лице
-Одлука од надлежен орган на здружението за предлагање на кандидатот
-Решение (копија) за упис во регистар на здруженија на РСМ не постара од 6 месеци
-Изјава за согласност од кандидатот
5.Рок и начин на пријавување
Јавниот повик трае до 10 работни дена од денот на објавувањето .Целокупната документација се доставува до Архивата на Општина Пробиштип или преку пошта на адреса Јаким Стојковски бр.1 , 2210 Пробиштип секој работен ден од 07:30-15:30 часот или по електронски пат на емаил info@probistip.gov.mk.

ОБРАЗЕЦ ЗА ПРИЈАВА