Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации
Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.
За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска подршка во износ од 400 денари по ангажирано лице, дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 22 дена.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Македонија и невработените лица.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните вневработени лица, детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.
Заинтересираните лица може да поднесат пријава до 13.06.2018 година во општина Пробиштип, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Провиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.
Општина Пробиштип