Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08 2020 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект„Грижа, социјализација и едукација на жителите од општина Пробиштип“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од

• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица со попреченост

-лица припадници на ромската етничка заедница
-самохрани родители
-родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
-лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-Образовни асистенти(двајца) Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица со завршено високо образование(Педагошки факултет-одделенска настава, наставни профили, Психологија, Дефектологија, Педагогија) за работа со ученици со посебни образовни потреби вклучени во инклузивно образование
-Еден неговател во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост – лица со завршено средно образование
-Двајца негователи (помошници) на стари и изнемоштени лица – со завршено основно или средно образование

Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Пробиштип во периодот од 20.08 2020 година до 26.08 2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип кај лицето Вероника Нанева, Центар за социјална работа Пробиштип кај лицето Снежана Петрушев.

ГРАДОНАЧАЛНИК
ДРАГАН АНАСТАСОВ с.р.

Јавен Повик ОКР 2020