Поради зголемената потреба од логопедските третмани општина Пробиштип ангажираше двајца логопеди . Се известуваат сите заинтересирани родители кои нивните деца имаат проблеми во говор и јазик и имаат потреба од логопедски вежби можат да закажат термин за логопедски третмани секој ден после 16 часот на телефонскиот број 075-389-555 Татјана Љапова и на тел.број 078-629-708 Клементина Ристова.
Логопедските третмани ќе се извршуваат во месеците јуни и јули во ООУ „Браќа Миладиновци“ и ПУ „Кирил и Методиј“ од страна на логопедите Татјана Љапова и Клементина Ристова.
Оваа активност ја реализира општина Пробиштип согласно постоечките протоколи за работа со деца поради состојбата со корона вирусот. Оваа активност е предвидена во програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2021 година.