Ве известуваме дека на ден 04.10.2024 година (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши Дератизација (еден третман – аплицирање на хемиски мамец).
Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ангажирана од Општина Пробиштип ќе изврши Дератизација во шахти во централното градско подрачје и приградските населби во Калниште, Пробиштип и Злетово, со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравствен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).