Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 17 јули 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршi следните активности:

Трет адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип

Овој  третман ќе опфати:

– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе

– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак

– Течение на река Киселичка

– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип

-Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец

-Населба Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река

-Месност Глобица и водостој на рибник

– Кундиско езеро и брана Пишица и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите

Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ке се изврши  со почеток од 21:00 часот.

Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

 

Со почит,