Општина Пробиштип ја обезбедува мерката субвенцијата во износ од 500 ден на сметки за комунални услуги према ЈКП Никола Карев Пробиштип за корисниците на правото на додаток за слепило од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.
Согласно Одлука со број 26-1212/17 од 22.12 2023 година субвенцијата на сметките се остварува од месецот на поднесување на барање, а престанува со денот на престанокот на условите за користење на мерката или по сопствен избор на корисникот. Барањето може да се поднесе до општина Пробиштип, одделение за јавни дејности
Оваа мерка е предвидена во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП