По едногодишната пауза поради ковид пандемијата, Општина Пробиштип продолжи со организирање на традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ на месноста Жгури каде пробиштипјани со посна трпеза, музика, песна, игра и бадникарски оган направија вовед во празниците што следат. Кумови на настанот се Рудниците за олово и цинк „Булмак 2016“ , кои се потрудија и годинава посната трпеза да биде богата.

                Манифестацијата започна во раните утрински часови во ресторанот „Меана кај Чомбе“ каде се собраа претставници од бизнис секторот кои делеа погача и на тој начин го бираа кумот за наредната година. Оваа година и се посреќи по трет пат на Рудниците за олово и цинкова руда „Булмак 2016“.  Настанот продолжи на месноста Жгури каде исто така се делеше погача, а годинава му се посреќи на Бранко Стојчевски  кој исто така ќе биде дел од организацијата за наредната година. Кумството го превзема од овагодишниот кум од граѓанството, Боро Kрстов.

Среќни и бериќетни празници. За многу години.

271189591_394832205753125_6943677292779922250_n

270311598_454734656145024_8834592931214380671_n 270359580_6778857425517801_4106112336612338248_n 270368765_1687579341435440_1790436482776004140_n 271174181_901320073902799_4143945101648968278_n 271222902_1081108792431153_2848173016490711804_n 271340826_334686061852873_657892497565188408_n 271382342_336417168484064_5278239240530562696_n 271415481_1139049773503179_1000354590432099695_n