Во рамки на Пробиштипско културно лето во петокот на 13 август беше вечерта на Stend up комедија. Двете гостинки од Србија, познати како жените што зборуваат и гостинот од Босна и Херцеговина направија една убава пријатна вечер на летната сцена во Пробиштип. Преполниот амфитеатар доволно зборува за интересот на пробиштипјани за ваков вид на настан. Очигледно сме желни за забава, желни за смеа, а тоа го имаше во изобилие. Се на се една убава, пријатна весела вечер како понуда од Општина Пробиштип, а се со цел забава, дружење и пријатни летни денови, секако со почитување на протоколите за организирање настап на отворено.