С О О П Ш Т Е Н И Е

за спроведување на јавен увид

на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена

Е1.8-Водови за пренос на електрична енергија, новопланиран 10 (20) Kv подземен кабелски вод во КО Петршино, КО Стрмош, КО Пробиштип

 Општина Пробиштип

 

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.8-Водови за пренос на електрична енергија, новопланиран 10 (20) Kv подземен кабелски вод во КО Петршино, КО Стрмош, КО Пробиштип Општина Пробиштип, изработен од страна на Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн СТУДИО АТРИУМ – ДОО Штип, со Тех.бр.У-06/25 од Мај 2025 година.

Површината на проектниот опфат за кој се добиени услови за планирање на простор изнесува П = 0,23 ха, а должината на предвидената траса во урбанистичкиот проект за кој се добиени услови за просторот изнесува  4 625,88м. Проектниот опфат е формиран од површините на дел од катастарската од КО Пробиштип, КО Стрмош, КО Петршино, Општина Пробиштип. Урбанизацијата во овој проект се однесува на делот каде што не е урбанизирано. Проектниот опфат претставува неизградено земјиште во најголем дел во сопственост на РСМ. Согласно Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ”бр.225/20 и 219/21, 104/22, 99/23 и 07/25) предвидени намени во проектниот опфат се следните:

Е–ИНФРАСТРУКТУРА:

E1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури

E1.8 – водови за пренос на електрична енергија

 

Оваа проектна програма се однесува на делот од кабелот кој ќе се реализира надвор од границите на ГУП на Општина Пробиштип. Услови за планирање на просторот се добиени за дел од трасата која нема предходна урбанизација. Дел од трасата ќе се протега во градското подрачје на Општина Пробиштип односно во границите на ГУП на Град Пробиштип. Во тој дел реализацијата на кабелот е со изработка на Основен проект за инфраструктура.

ЈАВНИОТ УВИД

 на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.8-Водови за пренос на електрична енергија, новопланиран 10 (20) Kv подземен кабелски вод во КО Петршино, КО Стрмош, КО Пробиштип Општина Пробиштип, изработен од страна на Друштво за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн СТУДИО АТРИУМ – ДОО Штип, со Тех.бр.У-06/25 од Мај 2025 год., ќе трае 15 (петнаесет) дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на  увид на јавноста со објавување на службената web страна на општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, во периодот од 23.06.2025 год. до 07.07.2025 год., за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип.

10-128-4 Соопштение за ЈУ за УП за кабелски вод