Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:
- ДУП за УБ 11, Урбан модул 4 ГП 22 на Дел од КП бр. 713 и дел од КП бр. 717/2 во централно градско одрачје на град Пробиштип, намена на објектот: комерцијални објекти-трговија со услужни дејности, Одлука бр. 07-834/4 од 03.11.2006 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр. 16/2006) што се наога во цетрално градско подрачје на секундарен плоштад,
- ДУП за УБ 11, Урбан модул 1,2,3 (1) ГП 5 на Дел од КП бр. 1018/126, намена на објектот: трговија, Одлука бр. 07-197/6 од 23.11.2004 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр. 5/2004) што се наога вон цетрално градско подрачје на град Пробиштип, на ул.„Вељко Влаховиќ” и ул.„Јоаким Крчовски” во Пробиштип.
- Државна Урбанистичка Планска Документација со тех.бр.106/2014 одобрена со Решение за одобрување на ДУПД бр.24-6700/25 од 30.06.2015 година издадено од Министерството за транспорт и врски Скопје, АУП за ГП 1.2 од АУП за тешка и загадувачка индустрија, индустриски комплекс за леарница и други видови на тешка и загадувачка индустрија согласно развојните потреби на Општина Пробиштип, намена на градба: Индустриски комплекс за тешка и загадувачка индустрија со сообраќаен пристап до нив со нивелманско решение, заштитно зеленило и основни водови на инфраструктура. ГП.бр.1.2, на КП.бр.566/1 вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: тешка и загадувачка индустрија ( леарница и други видови на тешка и загадувачка индустрија) со компатибилни класи на намена Г2,Г3 и Г4 максимум до 49 % , Б4 максимум до 10% , В2 максимум до 5% Д1,Д2 максимум до 30%, што се наоѓа вон централното градско подрачје на град Пробиштип, во близина на фабриката за акумулатори Пробиштип.
- ДУП за УБ 2.1, ГП бр.14, ГП бр.15 и ГП бр.16 на дел од КП бр. 4442 за КО Пробиштип, намена на објекти Г2-незагадувачка индустрија, Г3-сервиси и Г4- стоваришта, Одлука бр. 07-452/19 од 29.03.2012 година (Службен Гласник на Општина Пробиштип бр.41/2012), што се наоѓа на ул. Миро Барага во вонцентрално градско подрачје на град Пробиштип.