Тендерска постапка за рехабилитација на општинската зграда во Пробиштип
Референтен број: CB006.1.11.103 / PP2 – 03
ДЕКЕМВРИ 2016 год.
1000 – 1500……………………ДЕДО МРАЗ НИЗ УЛИЦИТЕ НА ПРОБИШТИП
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Во врска со објавениот прилог на Телевизија Стар на ден 05.12.2016 со наслов “Кочани и Пробиштип дишат отров. Останатите градови од регионот немаат со што да мерат“, општина Пробиштип сака да ги дементира податоците објавени во истиот прилог.
Податокот кој што е прикажан во прилогот е резултат објавен на ден 16.11.2016 година и истиот ден е забележано дека мерната станица во централното градско подрачје во Пробиштип е технички неисправна. Веднаш е контактирано со фирмата која е задолжена за монтажа на мерните станици при што е излезено на терен, извршен е преглед на мерната станица и е констатирано дека постои проблем со сензорот за проток на воздух (air flow) и сензорот за температура, со што се потврди дека последниот резултат објавен на 16.11.2016 година е невалиден.
Мерната станица веднаш е испратена на сервисирање во “Met One Instruments“ – Вашингтон кои како производители се единствени кои можат да вршат сервисирање и калибрација на истиот инструмент во специјализирани лаборатории.
Од страна на овластената компанија сме информирани дека деновиве ќе пристигне калибрираната мерна станица по што општината ќе продолжи со редовното објавување на податоците за квалитет на воздухот.
За точноста на резултатите општина Пробиштип поседува Сертификат за калибрација од самиот производител.
А за тоа каков воздух дишат граѓаните на општина Пробиштип сведочат резултатите објавени на општинската веб страна до 15 Ноември 2016 година.
06.12.2016 година
Општина Пробиштип
Се известуваат сите политички партии и коалиции чии листи на кандидати за пратеници од изборната единица 3 се прифатени за изборите што треба да се одржат на 11.12.2016 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип Утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип, ќе се одржи на 28.11.2016 година (понеделник) во 12:30 часот во салата на Општината Пробиштип.
Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 28.11.2016 година (понеделник) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип.
Награден Фото КОНКУРС “ПРОБИШТИП ФОТО 2016“ ТЕМА:
„ ЗА МОЈОТ ПРОБИШТИП“
Основни критериуми за учество:
Се учествува со 2 (две) фотографии на зададената тема (сите фотографирани во Пробиштип)
и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)
o Може да се достави и само една фотографија за учество
o Може да се учествува со највеќе 5 (пет) фотографии
Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се испратени
Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите
Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата
Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна
Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари
Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за наградите
Фотографиите на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,
Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација
Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа.
Сите детали се на следниот линк foto-konkurs-2016
Почитувани,
Ви објавуваме повик за учесници на проект, кој Општина Пробиштип, во соработка со “Волонтерски Центар Скопје” и “Да Научиме” ќе го спроведува во следните неколку месеци. Проектот ќе биде имплементиран со грант добиен од страна на ПСМ и Евро Центар фондациите, во рамките на проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики”, поддржан и финансиран од страна на Европската Унија.
За време на проектот се предвидени следниве активности:
– Дискусија за презентирање на целите на проектот, закажана за 15ти Ноември 2016 година.
– Часови по англиски и италијански/германски јазик, два пати неделно, во периодот 16ти Ноември 2016- 16ти Јануари 2017 година.
– Три дво-дневни обуки на тема: активно граѓанство, менаџирање на проектен циклус и лобирање и застапување, кои ќе се одржат 1-2 Декември, 15-16 Декември и 12-13 Јануари.
– Завршна конференција/дискусија за презентирање на резултатите од проектот, на 17ти Јануари 2017 година.
Обуката е наменета пред се за млади невработени луѓе, на возраст од 18-27 години, жители на Општина Пробиштип.
Доколку сте заинтересирани да бидете дел од обуката, ве замолуваме да ни испратите ваша кратка биографија (или само да ни испратите мејл со ваше име и презиме и контакт мејл/телефон) најдоцна до Петок, 11-ти Ноември, на мејлот на Волонтерски Центар Скопје: vcs_contact@yahoo.com;
ПРОЕКТ ,,Преку убавината на ракотворбата до интегрирање”
(Градење локални капацитети за креирање на младински политики)
Здружението на граѓани ХЕНДМЕЈД АРТ Пробиштип, објавува јавен
повик за учество во проект финансиран од Европската Унија преку ИПА инструмент – Национална програма 2011, имплементиран од ПСМ Фондација и Фондација ЕВРОЦЕНТАР и подржан од Општина Пробиштип
Целта на проектот е вклучување на младите во процесите на одлучување и поставување механизми за долгорочен развој и имплементација на локалните
младински политики.
Општина Пробиштип во соработка со ОО„Црвен крст“ Пробиштип и Центарот за социјална работа започнаа да ја спроведуваат акцијата „Се грижиме за топол дом“. Преку оваа акција ги повикуваме сите жители од општината кои имаат можност и кои имаат вишок мебел, покуќнина и апарати за домаќинството а не им се потребни да ги донираат на оние на кои имаат потреба од вакви работи со што ќе ја покажат својата хуманост и општествена одговорност. Целта на акцијата е задовололување на основните потреби на граѓаните кои не можат да си обезбедат средства за купување на овие работи.
Сите граѓани кои имаат можност да донираат да се јават на тел.број во општина Пробиштип 032/483-131 локал 120, во Центарот за социјална работа, 032/483-127 и во ОО „Црвен крст“ 071/246-745 Пробиштип. Исто така на овие телефонски броеви можат да се јават или да се обратат во овие институции (општина Пробиштип, Центар за социјална работа и ОО „Црвен крст“) и семејствата и поединците во социјален ризик кои имаат потреба од ваква донација.
Да ја покажеме хуманоста и општествената одговорност и да донираме на оние семејства кои имаат потреба од ваква донација.