Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис.

Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025).

Јавниот повик е отворен до 30.08.2019 година до 14 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги поднесат своите бизнис концепти до Центарот за развој на Источен плански регион. 

Линк до повикотhttp://eastregion.mk/118-mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/1145-javen-povik-za-poddrshka-na-start-ap-biznisi-za-razvoj-na-eko-turizam-i-promocija-na-istochen-planski-region-kako-turistichka-destinacija

Прскање против комарци (22.06.2019)

На ден 22.06.2019 година (сабота) во раните утрински часови, во период од
00:00 до 08:00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе се врши
адултициден третман против возрасни комарци, прв од воздух и втор пат од земја. Средство со кое ќе се изврши адултициден третман е Аквакотрин од земја и Ауродил супер ПБ од воздух, истите се одобрени од Бирото за лекови на Република Северна Македонија.
Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

Прскање против комарци (12.06.2019)

На ден 12.06.2019 година (среда) во раните утрински часови во периодот од 00 – 06 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено првото теристичко третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Злетовска река, долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Соопштение, известување, покана и анкетен лист за Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 14.1

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 14.1 КО Пробиштип, општина Пробиштип

Соопштение за ЈП и ЈА за Предлог-ДУП за Блок 14.1 Пробиштип

Известување за ЈП и ЈА за Блок 14.1

Анкетен лист за ДУП за Блок 14.1

Predlog-plan-DUP-14.1

Одбележан 20ти мај – Ден на пожарникарството

Со тактичко-показни вежби од страна на пожарникарите од ТППЕ Пробиштип и претставници од Центар за обука и заштита од пожари „ПЕГАЗ ЕДУ“ од Битола, денес во општина Пробиштип беше одбележан Денот на пожарникарството.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ беше изведена тактичко-показна вежба за евакуација, спасување и гасење пожар, чијашто цел беше увежбување на тактичките варијанти за оперативно делување на ТППЕ и останатите институции.

На градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ во Пробиштип, пожарникарите од ТППЕ – Пробиштип и претставниците  од Центар за обука и заштита од пожари „ПЕГАЗ ЕДУ“ од Битола, реализираа тактичко-показна вежба симулација на пожар во општинската зграда.

Градоначалникот Драган Анастасов ја проследи вежбата, по што им се обрати на пожарникарите честитајќи им го денот на пожарникарството, при што истакна благодарност за несебичниот ангажман што го даваат пожарникарите за безбедноста и сигурноста на граѓаните и додаде дека се залага за зголемување на бројот на пожарникари согласно предвидиот законски минимум, но и за подобрување на условите за работа во противпожарната станица.

pozarnikari 2019 2 pozarnikari 2019 3 pozarnikari 2019 4 pozarnikari 2019 5 pozarnikari 2019 6 pozarnikari 2019 7 pozarnikari 2019 8 pozarnikari 2019 9 pozarnikari 2019 10

Усогласување со ЕУ директивата за управување со отпад за заштита на животната средина

На 6 ти Мај оваа година Обединетите нации го објавија драматичниот нацрт-извештај во кој потенцираат дека животот на нашата планета е пред масовно изумирање и дека благодарение на човечките активности во многу блиска иднина би можеле да изумрат околу милиони видови. Масовните изумирања во минатото секогаш биле предизвикувани од катаклизмични настани од големи размери како удари на големи астероиди или масовни вулкански ерупции. Овој пат причината е човекот. Согласно ваквите предупредувачки и алармантни извештаи и јасните директиви на Европската Унија би било нехумано доколку речеме дека не сме биле предупредени или не сме биле дел од постепеното и систематско уништување на сопствената планета.

Засновано на насоките на директивите на унијата ние како мала држава која се стреми да стане дел од таа унија потребно е да ги усогласиме стратегиите и регулативите со тие на унијата во секој сегмент на живеење, а особено со алармантните сегменти – заштитата на животната средина.

Универзитетот „Гоце Делчев“ како високообразовна и научна институција и општина Пробиштип следејќи ги иновативните и реформски подвизи стана дел од проект финансиран од Европската унија кој се однесува на заштитата на животната средина во делот – управување со цврст отпад. Реформски подвиг бидејќи не само што општината Пробиштип во која се спроведува проектот, не само на ниво на цела Република, туку и пошироко општините немаат капацитети за третман на цврст отпад. Од друга страна до 2020 година Директивата за управување со цврст отпад 98/2008 мора да почне да се применува во секоја држава членка на ЕУ како и тие држави кои ја усогласуваат легислативата со таа на ЕУ и кои претендираат да влезат во унијата.

Директивата 98/2008 воспоставува законска рамка за постапување со отпадот во заедницата. Донесена е за да ги дефинира клучните концепти како што се отпадот, отстранувањето на отпадот, сепарацијата на цврст и органски отпад и со суштинско значење е управувањето со отпадот, особено обврската на претпријатијата кои го отстрануваат отпадот. При тоа укажува на потребата да се направи разлика помеѓу прелиминарното складирање на отпадот, третманот и на крајот клучната улога на претпријатијата кои управуваат со отпадот. Оваа директива треба да помогне да се приближи ЕУ до дефиницијата “Општество за рециклирање”, со цел да се избегне создавањето на отпад, туку да го користат отпадот како ресурс.

Општина Пробиштип како пионер во оваа област со јавното-комунално претпријатие ќе се обиде да постави темел на неопходната шема согласно Директивата 98/2008 која понатаму може да се преслика во сите општини низ Македонија.

biootpad

Јавен оглас за ангажирање на работници по Акциониот план за јавни работници

Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на 15 работници за време од седум месеци со скратено работно време, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуваат на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни  објекти согласно Акциониот план за вршење на јавните работи.

Прочитај повеќе на javen oglas za javni raboti

Повик за јавни работи

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување и општина Пробиштип, објавуваме

ЈАВЕН ПОВИК
до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска подршка во износ од 400 денари по ангажирано лице дневно од која сума се одбива вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 22 дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните вневработени лица, детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.

Заинтересираните лица може да поднесат пријава до 22.05.2019 година во општина Пробиштип, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Пробиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.

Општина Пробиштип

ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ 2019

Денес, на повеќенаменското игралиште во Злетово и на градскиот плоштад „Св.Гаврил Лесновски“ во Пробиштип се одржа традиционалниот Велигденски хепенинг 2019. На истиот, како и секоја година активно учествуваа дечињата и учениците од детската градинка и општинските училишта во општина Пробиштип. Манифестацијата со свои настапи ја збогатија и балетското студио „Магија“ и КУД „Злетовски рудар“.
Општина Пробиштип Ви посакува среќни и весели Велигденски празници.

veligdenski hepening 2 veligdenski hepening 3 veligdenski hepening 4 veligdenski hepening 5 veligdenski hepening 6 veligdenski hepening 7 veligdenski hepening 8 veligdenski hepening 9 veligdenski hepening 10