Проектот БИООТПАД – Плаќај колку што создаваш отпад после 33 месечни активности полека се движи кон својот крај. Административното затворање на проектот со Балкан мед програмата не значи и прекинување на работата на скоро 200 000 евра вредните компостерски единици туку напротив значи дека Пробиштип ќе стане предводник во регионот кој ќе започне со имплементација на Директивата за органски отпад на ЕУ.
Сепарацијата и одлагањето на органски отпад во компостерките и покрај состојбата со Ковид 19 во Пробиштип се одвива иако со малку намален капацитет од предвиденото. Граѓаните кои одлагаат органски отпад во компостерките се максимално посветени и вклучени во соработката, а од страна на експертските лица – Професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ секојдневно се мониторира работата. Земени се и првите мостри за биохемиски анализи од компостот и истите се работат во Лабораториите на Универзитетот.
Денес средба остварија тимот управувачи на проектот БИООТПАД со техничките лица и со директорот на ЈП Никола Карев и се усогласија кои ќе бидат заедничките активности на сите чинители во успешното затворање на овој меѓународен проект.