Во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, партнер во проектот БИООТПАД се оствари координативна средба на која се утврди фактичката состојба на проектот како и динамиката за реализирање на активностите кои следат.

На средбата беа присутни претставници од Општина Пробиштип, тимот за управување од страната на општината и од страна на УГД како и експертите ангажирани и за двете страни.

Со најновото продолжување на проектот се очекува да трае до 31 мај 2020 година. До тогаш треба да бидат поставени двете компостерски единици – едната во централното градско подрачје, другата во населбата Калниште. Почетокот на наредниот месец ќе се оствари средба и со фирмата која до ноември оваа година треба да ги постави компостерките на соодветните локации и да се утврди целокупната техничка и подготвителна спецификација. Во периодот кој следи избраните семејства за учество во проектот ќе бидат подготвени за соодветна селекција и сепарација на органскиот отпад и начинот на управување со истиот како и со автономните компостерски единици. Задолжување со кантички и биоразградливи вреќички за отпад и учество во една од првите вакви акции во државата и поставување на темелите за селекција и сепарација на отпадот со што директно ќе влијаеме на намалувањето на загадувањето на нашата животна средина.

smartcapture

smartcapture