ДНЕВЕН РЕД

на 6-та редовна седница на Советот на

општина Пробиштип

(29.01.2026 година, 15:00)

1. Програма за работа на ЈКП Никола Карев Пробиштип за 2026 година;
2. Финансиски план на ЈКП Никола Карев Пробиштип за 2026 година;
3. Одлука за утврдување на вредност на бод за пресметување на плати за вработените во ЈКП Никола Карев за 2026 година;
4. Извештај од реализиран попис на основни средства, опрема, инвентар, материјали, обврски, побарувања, хартии од вредност и парични средства на благајна на Општина Пробиштип со состојба на 31.12.2025 година;
5. План за запишување на ученици во прва година во СОУ „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип за учебната 2026/2027;
6. Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Пробиштип;
7. Програма за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Пробиштип за 2026 година;
8. Финансиски ивештај за реализација на Буџетот на Општина Пробиштип за период од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;
9. Одлука за утврдување на вредност на бод за административните службеници во Општина Пробиштип за 2026 година;
10. Одлука за редовно ажурирање на ,,Процена на загрозеноста на подрачјето на Општина Пробиштип од сите ризици и опасности”;
11. Програма за изменување на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита;
12. Одлука за остварување на право на партиципација во трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст за деца кои престојуваат во ЈОУДГ„Гоце Делчев“ Пробиштип;
13. Одлука за утврдување на критериумите и начинот на остварување на правото на еднократна парична помош за корисници на надоместок од Центарот за социјални работи, жители на општина Пробиштип;
14. Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Пробиштип и Општина Кратово;
15. Решение за именување на членови во заедничката комисија за подготовка на актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Пробиштип и Општина Кратово.