Општина Пробиштип ја информира јавноста дека е во фаза на изработка на Програма за поставување на урбана опрема за 2026 година.
Со Програмата се уредуваат видовите на урбана опрема, локациите на кои таа се поставува, како и начинот и условите за нејзино поставување, дислоцирање и отстранување, во согласност со важечката законска регулатива.
Со цел донесување на квалитетна и сеопфатна Програма, која ќе биде во интерес на сите граѓани, Општина Пробиштип организира Јавна презентација на Предлог-програмата за поставување на урбана опрема.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, институции и правни лица да присуствуваат и да дадат свои мислења, предлози и сугестии.
Јавната расправа ќе се одржи на 27.01.2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци во Домот на културата „Злетовски Рудар“.
Учеството на јавноста е од особено значење за создавање на пофункционално, уредено и квалитетно урбано живеење во Општина Пробиштип.
