Општина Пробиштип согласно Одлуката за субвенционирање на сметки за комунални услуги према ЈКП Никола Карев Пробиштип за лицата со оштетен вид и Програмата за социјална заштита за 2026 година со број 26-1101/22 од 09.12 2025 година обезбедува финансиски средства за субвенционирање на сметки за комунални услуги во износ од 500 ден. за корисници на додаток за слепило од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.
Се повикуваат лицата со оштетен вид , корисници на додаток за слепило од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип и нивните семејства кои сакаат да ја користат мерката да поднесат барање во тековната година. Барањето може да го поднесе корисникот на мерката или член на неговото потесно семејство во негово име во Одделението за јавни дејности при општина Пробиштип.
Субвенцијата на сметките за комунални услуги према ЈКП Никола Карев Пробиштип ќе се остварува од месецот на поднесување на барање до општина Пробиштип.

ПРИЛОЗИ КОН БАРАЊЕТО
1. Фотокопија од лична карта на подносителот на барањето
2. Фотокопија од лична карта на корисникот на мерката
3. Фотокопија од Решение за користење на надоместок за попреченост-слепило издадено од ЈУ Центар за социјална работа“ Пробиштип
4. Фотокопија од последна сметка за комунални услуги
5. Изјава за согласност за обработка на лични податоци

ОПШТИНА ПРОБИШТИП